СИН НА ПРАТЕНИК ОСОМНИЧЕН ЗА УБИСТВОТО НА ИНСПЕКТОРОТ ВО БЈЕЛИНА

0
433

Син на пратеник и член на Социјалистичката партија е осомничен за убиството на полицискиот инспектор Ненад Марковиќ, кој беше убиен синоќа во Бјелина, Босна и Херцеговина.Според информациите, се работи за Никола Кокановиќ, кој пред половина година бил осуден на 26 месеци затвор.

Тој е осуден за поттикнување палење на автомобил на пратеник и фрлање бомба во ресторан во Брчко минатата година, пишува Српскаинфо.

Кокановиќ е син на пратеникот Зоран Кокановиќ и член на Социјалистичката партија.Тој беше осуден од Основниот суд во Брчко, откако Обвинителството на Округот Брчко на Босна и Херцеговина ги докажа обвиненијата за поттикнување други лица на предизвикување општа опасност со палење автомобил и фрлање бомба во ресторан, како и нелегално поседување оружје.Убиството се случи синоќа по полноќ пред ноќниот клуб „Џил“ во центарот на Бјелина. АТВ неофицијално дознава дека Марковиќ на излегување од клубот бил погоден од два истрели од огнено оружје, пренесува Српскаинфо.