РЕМЕНСКИ: СЕ ПРАВАТ ПАДНАТИ ОД МАРС

0
905

Зарем требаше влијателната амбасадорка на САД да ја изрази својата “зачуденост” и да го најави “тимот за санкции”, за да во хор и оркестрирано сите викнат на глас колку корупцијата и криминалот царувал во државата❓

Зарем вреди да се креира перцепција на “паднати од Марс” од страна на сите кои знаат многу повеќе од тоа што го кажа амбасадорката и сите други пред и по неа❓
Зарем вреди да се покажува комплетна институционална безпомошност во борбата против организираниот криминал и корупцијата по најавата за доаѓање на тим за санкции од САД❓

Зарем некој мисли дека, со пароли и добра воља да се работи и без зачуденоста ќе може да се покрие и ќе се оправда непостапувањето на лица/ институции и јавнообвинителската амнестија по постоечкј пријави за организиран криминал и корупција❓

Зарем некој мисли дека, преземањето и говорењето со опозициска реторика од позиција на институции ја потенцира вољата❓
Зарем некој мисли дека, ќе може пред тој тим за санкции да ги оправда или образложи спогодувањата за затворски туризам и многу друго со лицата токму на таа листа на санкции на САД❓

Зарем некој мисли дека, во оваа воља за соработка со тој тим ќе може да се премолчи што се’ (не) е направено или се прави зад превез на Американци❓

✅ Одговорот на сите реторички прашања е големо НЕ❗

Наместо сите да се правиме паднати од Марс, нека се запраша секој од нас што направил како човек и како носител на јавна функција, за да нема зачуденост и изненаденост. Секој нека одговори за својот влог во оваа вчудоневиденост.Претседателот Пендаровски во синоќашното интервју постави прашања, но не сум сигурна дека сака да ги слушне сите одговори или пак, дека не ги знае одговорите на иститите.

Ми остана во памет прашањето “Кој ќе го спроведувал/направел ветингот”, при што спомна некои шишиња виски итн.

Се надевам дека зборувајќи вака има на ум некој направен ветинг. Ако немал ниеден на ум, ќе го посочам претседателот на комисијата за реформата на УБК и ќе прашам дали се сеќава на собраниската дебата во која многу години пред него поставив прашање – “Кој ќе го спроведе ветингот за тие кои ветингуваат и реформираат?”
Во случајот со овој “реформатор” не знам дали имало шишиња виски, кој ги примал и кој ги пиел, но знам дека имаа непотизам, гратис плати, пензии, коли, комбиња, уништување на службена документација, прикривање на криминал и шефови од криминал, пробивање истраги и што ли уште не. И да не одам далеку во детализирање – суспендираната за Онишченко беше првата вилолина до него во тој ветинг и во таа реформа.

На крајот ќе изоринизирам малку безобразно, но прилично логично во ова нелогично време:

Ако не знаете кој може да спроведе ветинг, реформи, кој ќе ги брани национални интереси, евроинтеграциите, да гледа кон запад, да носи инвестиции и да директорува со служби …, тогаш најдобро вратете ги и поставете ги Никола Груевски, Сашо Мијалков, Горан Грујевски и сите нивни, зошто очигледно само нивните пулени и инсталации работат во институциите и успеваат да ја оправдаат зачуденоста на сите нормални.

Фејсбук статус на професорката Фросина Ременски.