ВЕЛЕШАНИ СОБИРААТ ПАРИ ЗА РЕНОВИРАЊЕ НА СТАНОТ НА СТАР БОЛЕН СОГРАЃАНИН

0
1221
Драги сограѓани, велешани, по достигнатиот апел за помош на Винко Симитчиев, денеска од Евангелска Црква успеавме да ги обезбедиме сите потребни материјали за реновирање на неговиот скромен дом, и работата веќе започна! Сето ова благодарение на Бога и дарежливоста на Неговиот народ.
Винко е сѐ уште во болница, и добар е, па сакаме кога ќе излезе оттаму, да си дојде во нов дом! 🙂
За таа цел, потребни ни се уште малку нешта за бањата и кујната, и верувам дека заедно можеме да го постигнеме тоа. Можете да донирате материјали или средства за истото.
Еве што е потребно:
– ѕидни плочки 16м2 (за бања)
– подни плочки 6м2 (за бања)
– 1 чешма
– 1 туш батерија
– 1 WC шолја
– ѕидни плочки 7м2 (за кујна)
– подни плочки 3м2 (за кујна)
– 1 чешма
– мал бојлер
– 1 мијалник
Секој што сака да помогне нека ме контактира мене, или

Дејан Димовски

, кој неуморно и со многу љубов ја работи сета физичка работа изминативе денови во домот на Винко. Неговиот тел. број е: 078/392-011

Нека Господ ги благослови сите дарители!
СПОДЕЛЕТЕ!