Шилегов: Ќе им помогнеме на сите дечиња кои немаат компјутери за следење на онлајн настава

0
1168

Нашата земја полека се подготвува за почетокот на учебната година, кој е предвиден за 1 октомври.
Јасно е дека сите родители не можат да им обезбедат уреди за следење на онлајн наставата, а градоначалникот Петре Шилегов вети дека ќе излезе во пресрет.

„Сите средни училишта се во добра кондиција. Ќе им помогнеме на дечињата кои немаат компјутери за следење на наставата, за тоа ќе разговараме и со МОН“, кратко рече Шилегов.