ВАСИЛЕВСКА : НЕНАРОДНАТА ВЛАСТ НА СДС И ДУИ СЕДУМ ГОДИНИ ПОКАЖУВА ДЕКА ГИ ОСТВАРУВА САМО ЛИЧНИТЕ ИНТЕРЕСИ И ДРУГИ ИНТЕРЕСИ КОИ НЕ СЕ НАРОДНИ

0
304

Многу одамна им е јасно на сите дека оваа ненародна власт, овој хибрид не е дојден на власт за да донесе подобар живот за граѓаните, туку дојдоа за остварување на лични интереси и други интереси кои не се народни, рече Иванка Василевска, пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата За или против што се емитува на телевизија Алфа.

Според Василевска актуелните политичари од власта предводена од СДС и ДУИ не се свесни ниту за улогата своја како политичари, не се свесни дека времето поминува и дека ќе има отчетност ќе дојдат избори и граѓаните ќе го кажат своето.

„Токму поради нивните постапки разликата помеѓу СДС и ВМРО-ДПМНЕ е голема. Анкетите го одразуваат незадоволството на граѓаните. Се надевам дека разликата и предноста на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде се поголема“, рече Василевска.

Василевска укажа дека неквалитет е на челните места во сите области од правосудство и во сите останати како здравство, образование.

„Кога ќе го видите падот на политичката култура ќе сфатите дека како општество сме на дно“, вели Василевска.

Василевска се осврна на низата нерешени случаи од минатата година како Онкологија, двојното убиство на Вања и Панче и слично.

„Случаите покажуваат дека системот дозволи да се случува тоа, системот бидејќи истиот е нарушен и нефункционален. Тоа е грдото лице за македонската приказна“, кажа Василевска.

Василевска посочи дека со следната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде се поинаку.

„Верувам дека следниот премиер, Христијан Мицкоски ќе направи еден тим кој ќе остави сосема поинаку печат во македонското општество. Клучно е што ВМРО-ДПМНЕ доаѓа на власт и прво ќе работи на враќање на стандардот и достоинството на граѓаните. Нашиот фокус ќе биде на реална програма, ќе изградиме концепт во кој сите граѓани ќе бидат вклучени сите. Ќе мора да ставиме крај на корупцијата, ќе покажеме дека Македонија не може да се раскрчмува. Акцентот ќе го ставиме на една посветла иднина“, рече Василевска.