ИНФОМАКС : МИЦКОСКИ НАРАЧАЛ ПРЕТЕПУВАЊЕ НА НЕПОСЛУШЕН СОВЕТНИК ОД ВМРО-ДПМНЕ?!

0
522

Вистински хорор рано утринава преживеал советникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Илиески во општина Карпош.

-Утрово бев нападнат од непознато маскирано лице додека одев кон моето работно место во трговскиот центар Аника во Карпош четири. На нападот му претходеа закани директно кон моите родители дека ќе имало непријатни ситуации кон мене дека треба да си поднесам оставка од советничката функција во општина Карпош. Дека ќе имало вработување за мене по мој избор, дека ќе ми бидат исплатени сите паушали до крај на мандатот само да се откажам од советничката функција, вели тој пред камерата на Инфомакс.

Илиески истакнува дека на нападот му претходеле низа на закани од раководството на неговата матична партија меѓу кои и од претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош и пратеник, Тони Јаревски кои му порачале дека мора да се држи до строгата партиска линија инаку го чекаат непријатни изненадувања.

Имено Илиески како што вели не се согласувал со деструктивната политика на ВМРО-ДПМНЕ по што започнале заканите.

-На советничката функција дојдов со заложби за поубав живот на Карпош икарпошани додека во последниот период јавно негодував на седниците на советот на општина Карпош каде се водеше деструктивна и лоша политика кон граѓаните и населението од страна на моите колеги советници од ВМРО-ДПМНЕ. Во повеќе наврати беа испраќани закани, предупредувања од колеги советници дека ова не треба да биде вака дека нема да го дозволат тоа. Имаше закана директно кон моите родители од страна на претседателот на општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Карпош воедно и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија, вели тој.

Младиот советник на ВМРО-ДПМНЕ директно го посочи партиското обезбедување за нападот врз него истакнувајќи дека му се заканувале и највисоките структури на партијата поради неговото политичко делување во советот на општина Карпош.

-За подоцна заканите да дојдат од непознато лице најверојатно некој во служба на партијата од повисок ранк каде што се јави на телефон и се закануваше да си поднесам оставка јас инаку ќе било лошо. Најверојатно се работи за некои насилници или некој од обезбедувањето на функционерите од партијата кои што пробаа со вербални напади, подоцна продолжија со интернет напад и посрамување на мојата личност. Со кажување лаги и невистини се со цел да ме омаловажат мене и да на некој начин подлегнам под притисоци, додаде тој.

Илиески открива и детали за начинот на кој што функционира советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош, рекетирајќи бизнисмени за да бидат донесени одредени одлуки во советот на општината.

-Јас дојдов да направам нешто поубаво за карпошани да се потрудам да дадеме идеи да сработиме нешто поубаво за општина не да бидеме деструктивни и да ја блокираме општината. Јас за разлика од некои колеги советници како што имам информации не отидов во ниту една градежна фирма да изнудувам финансиски средства. Тоа го правеле други колеги каде што барале финансиски надокнади за некои гласања, блокади, за некои работи кои што се за мене непознати. Јас и во самата кампања и тука сега стојам на тоа дека Карпош треба да биде поубаво место за сите нас, а не да ја блокираме општината, вели тој.

За крај Илиески потенцираше дека тој заедно со полицијата се сомневаат дека досегашните закани од неговата матична партија се ефектуирани со денешниот физички напад.

-Се претпоставува и јас претпоставувам заедно со инспекторите дека е следствено со заканите. Ќе се отвори постапка ќе се поднесе до обвинителство што треба, ќе се запазат сите мерки за безбедноста на сите советници понатака и ќе има завршница на овој случај, вели Илиески.