„БУЈАР ОСМАНИ ИМАЛ КУЌА ДИВОГРАДБА, А ГРУБИ И БРАЌАТА ПОЛОВИНА ЗГРАДА НА ДИВО“ ИЗЕТ МЕЏИТИ ГИ СИМНА РАКАВИЦИТЕ

0
147

Опозиционерот Меџити тврди дека Артан Груби поседува неколку портали, преку кои „тој укажува на јавното обвинителство што да работат, со кои предмети да се занимаваат“.

Кандидатот за претседател Бујар Османи својата куќа ја има изграденo на диво, изјави опозиционерот Изет Меџити, во интервју за ТВ21.

– Јас, како градоначалник на Чаир, му ја легализирав нему, како и на многу други граѓани. Османи, наместо да плаќа комунални такси по 110 евра за метар квадратен, тој платил 1 евро, што значи самиот тој изградил куќа на диво – изјави Меџити.

Артан Груби и неговите браќа имаат изградено доградба на станови, во Чаир, речиси половина зграда на диво ја изградиле и истите се легализирани, рече Меџити.
За актулниот технички премиер Талат Џафери, Меџити вели дека се однесува како млада невеста.

– Техничкиот премиер без никакви ингeренции, Талат Џафери не е премиер, туку повеќе личи на „млада невеста“ која ја носат да ја претстават пред семејството. Пи-ар му прави Груби со разните негови посети во администрацијатa, изигрувајќи инспектор – рече Меџити.Меџити тврди дека Артан Груби поседува неколку портали, преку кои „тој укажува на јавното обвинителство што да работат, со кои предмети да се занимаваат“.