(ВИДЕО) Спасовски: Сите да почувствуваат дека ги менуваме работите на добро, ете на тоа работиме

0
942

Spasovski2

„Немаме услови за пристојна егзистенција. Очекуваме дека со вас, вака како што ве гледаме дека работите и се заложувате за нас граѓаните, фамилијата ќе можеме да си ја нахраниме. Никогаш не се живеело толку тешко како денес“.

Ова е една од пораките на жителите на Кочани и кочанско каде беше генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, придружуван од потпретседателката Фросина Ременски и претседателот на Комисијата за образование Петар Атанасов.

-Работиме со граѓаните на терен, во непосредни средби, на отворени јавни дебати, на коишто секој може да го каже своето мислење, да даде придонес во обновата на Македонија. Го почнавме проектот Визијата за Македонија со таа цел, да ви ги соопштиме насоките на нашата визија и да ги слушнеме вашите визии. Заедно да подготвиме решенија во новата Програма, тоа да биде програма од и за граѓаните, со цел Македонија да биде подобро место за живеење за сите, рече генералниот секретар Спасовски.

Spasovski5

„Стечајните работници кои останаа без решен статус побараа подршка. Генералниот секретар Спасовски соопшти дека нивниот статус ќе биде решен, дека определбата на СДСМ е да стави крај на нееднаквоста во општеството, сите да имаат еднакви права.

Земјоделците од кочанско се пожалија на ниска откупна цена на оризот. Велат дека земјоделското земјиште е главно во рацете само луѓе блиски до власта, а тие аргатуваат за средства со кои не можат да ја одржат егзистенцијата на семејствата“, се вели во соопштението на СДСМ.

-Земјата ќе ја вратиме на вистинските земјоделци, а пласманот ќе го помага државата, соопшти Спасовски.

Spasovski7

„На средбата со граѓаните од Усова Чешма жителите се пожалија дека власта мисли само на своите најблиски партиски соработници, додека сите други граѓани се заборавени“, пишува во соопштението на СДСМ.

-Власта во заминување го подели општеството по сите основи. Тоа е клучната разлика со нас. Визијата на СДСМ е Македонија да биде едно општество и сите граѓани да бидат еднакви во остварувањата на своите права, порача генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски на средбите со граѓаните на Кочани и кочанскиот крај.