(ВИДЕО) Костадинов : Мицкоски да ги повика пратениците на ВМРО ДПМНЕ да го поддржат автентичното толкување, нелегалната амнестија на Иванов да се затвори

0
832
Изјава за медиуми, Костадин Костадинов , портпарол на СДСМ и пратеник 
Почитувани граѓани,
Трет ден Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не одговараат дали ќе го поддржат Барањето на СДСМ за автентично толкување за членот 11 од Законот за помолување.
Со поднесување на автентичното толкување во Собранието СДСМ се бори за правда, за одговорност, за спречување на можноста од враќање на незаконската аболиција на Ѓорѓе Иванов.
СДСМ нема да дозволи никакви амнестии. Пред граѓаните ветивме правда и правиме се правдата да биде задоволена за секого подеднакво.
Од друга страна остатоците на режимот, на „заробената правда“ и Сваровски судството, се обидуваат да застанат на патот на правдата, помогнато од ВМРО-ДПМНЕ.
Христијан Мицкоски три дена тактизира, не ги повикува пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат барањето на СДСМ. Јасно е зошто.
Замислете за Христијан Мицкоски и Александар Николовски правдата е грешка, тие продолжуваат да го бранат криминалот на режимот.
Јасно е дека Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја поддржуваат иницијативата пред Уставниот суд.
Мицкоски работи исклучиво во корист на неговиот ментор од Будимпешта и криминалната банда.
Прво Мицкоски треба да го поддржи автентичното толкување, да се затвори нелегалната амнестија на Иванов, па после може да зборуваме за некакви барања.
СДСМ заедно со граѓаните нема да дозволи попречување на правдата и опструкции на правниот систем.
Ако има протести против аболицијата на Иванов, Мицкоски ќе биде избркан од граѓаните.
ВМРО ДПМНЕ повторно ќе го снајде 12 април, Денот кога почна Шарената револуција и со црвен картон ќе биде казнет од народот.