БУГАРСКИОТ ПРЕМИЕР ПЕТКОВ НА 18 ЈАНУАРИ ДОАЃА ВО СКОПЈЕ ПО ПОВОД 30-ГОДИШНИНАТА ОД БУГАРСКОТО ПРИЗНАВАЊЕ НА НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА

0
559

Петков ќе биде придружуван од министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и министерот за транспорт Николај Субев.

Бугарскиот премиер Кирил Петков ќе го посети Скопје на 18 јануари, а повод за посетата е 30-годишнината од бугарското признавање на независната македонската држава, соопшти бугарската влада. Петков ќе биде придружуван од министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и министерот за транспорт Николај Субев.

Од бугарската влада велат дека посетата ќе одбележи нов почеток во развојот на односите меѓу двете земји и ќе ги нагласи следните чекори кои што двете земји ќе ги преземат за решавање на отворените прашања.

„Треба да го промениме разбирањето за тоа што всушност значи Република Северна Македонија да преговара со ЕУ и во иднина да биде дел од неа. Да зборуваме за користа која што ние и Република Северна Македонија ќе ја имаме од тој процес“, вели премиерот Петков за посетата.