ЧАВИ АЛОНСО ПО ИСПИШАНАТА ИСТОРИЈА ВО БУНДЕСЛИГАТА : ЧЕСТ МИ Е ШТО СУМ ДЕЛ ОД БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН

0
54

Баер Леверкузен фантастичната сезона во која се уште не знае за пораз ја овековечи со освојување на шампионската титула во Бундеслигата за прв пат во 119 годишната историја на клубот. Титулата избраниците на Чави Алонсо ја осигураа со денешанта преубедлива победа од 5-0 против Вердер Бремен по што следеше и бурно славје на теренот и во соблекувалната.

А, пак шпанскиот стартег кој неодамна го продолжи договорот со „фармацевтите“ не го криеше задоволството од испишаната историја изјавувајќи дека му е чест што е дел од клубот.

Извор : Екипа.МК