ФУДБАЛЕРОТ НА РОМА ЌЕ ОСТАНЕ ВЕЧЕРВА ВО БОЛНИЦА – ДЕ РОСИ : СЕ Е ВО РЕД, МЕДИЦИНСКИТЕ ТЕСТОВИ ОТФРЛИЈА СРЦЕВ УДАР НА ЕНДИКА

0
72

Медицинските тестови отфрлија срцев удар на играчот на Рома, Еван Ендика (24), кој колабираше на теренот од болки во градите на натпреварот против Удинезе, пренесуваат италијанските медиуми.

Ендика колабираше на теренот со болки во градите во 72. минута од натпреварот.

Медицинската служба веднаш излегла на терен, носеле и дефибрилатор, но не бил користен. Играчот беше изнесен на носилки, свесен и веднаш бил пренесен во локалната болница, а натпреварот бил прекинат.

Италијанските медиуми јавуваат дека тестовите ја отфрлиле можноста за срцев удар. Се верува дека Ендика бил погоден во градите претходно на натпреварот и дека модрината предизвикала отежнато дишење. Сепак, тој ќе остане во болница во текот на ноќта на опсервација.

Како што пренесува Скај Спорт 24, тренерот на Рома, Даниеле Де Роси и капитенот Лоренцо Пелегрини го посетиле Ндичка во болница, а управата на Удинезе му испратила порака за охрабрување.

„Се е во ред, се е во ред“, им рече Де Роси на новинарите собрани пред болницата.

Во моментот на одмор резултатот беше 1:1. Роберто Перејра го доведе Удинезе во водство во 23. минута, а израмни Ромелу Лукаку во 64. минута. Антонио Тиквиќ не играше за Удинезе.