СПОРЕД НАЈНОВАТА КОВИД 19 ДОКУМЕНТАЦИЈА ОД СТРАНАТА НА НОВАК ЃОКОВИЌ СЕПАК ТОЈ ГО ПРЕЛЕЖАЛ ВИРУСОТ УШТЕ ВО ДЕКЕМВРИ ЛАНСКАТА ГОДИНА СО ШТО ВО ПОНЕДЕЛНИК Е ЗАКАЖАНА ИТНА СУДСКА ПОСТАПКА ЗА ТОА ДАЛИ ВЛАСТИТЕ ЌЕ ГО ДЕПОРТИРААТ ОД АВСТРАЛИЈА ИЛИ ЌЕ МУ ДАДАТ ВИЗА И УЧЕСТВО НА ,,АВСТРАЛИЈА ОПЕН” ТУРНИРОТ

0
727

Новак Ѓоковиќ откако властите во Австралија му забранија влез во земјата а воедно и настап на ,,Австралија опен” затоа што немал соодветна документација за позитивен Ковид 19 извештај сепак приложил соодветна документација дека веќе го прележал вирусот од Декември ланската година.

Адвокатите на Ѓоковиќ ќе покренат обвниение против австралиските власти кои свесно или несвесно ја отфрлиле документацијата на српскиот тенисер и со тоа што на перфиден и нефер начин му ја одбиле визата за престој во земјата па од тука и да не може да учестува на тенискиот турнир.

Од Австралиските власти му дадоа краток ултиматум да ги изложи неговите докази или поточно образложенија зошто не придонел позитивен Ковид 19 извештај на што Ѓоковиќ одговорил дека му е потребно малку време и да се консултира со неговите адвокати и медицинскиот тим на што властите му одговорија потврдно и му дадоа време за консултација и одмор.

Од друга страна пак, реагираат и оние кои сметаат дека за Ѓоковиќ треба да се направи исклучок и да му биде дозволен влез со цел да игра на Австралијан опен. Тенисерот е во имиграциски притвор, а во понеделник е закажана итна судска постапка на која ќе биде познато дали ќе биде депортиран од Австралија.