ПАТРОЛАТА НА ПРИЛЕПСКАТА ПОЛИЦИЈА СЕ ПОДНОВИ СО ВЕЛОСИПЕДИ, ПРЕКУ ЛЕТО ЌЕ РАБОТАТ ВО ЕВРОПСКИ И СВЕТСКИ СТИЛ

0
1105

Од денеска почнува со работа велосипедска патрола во ОВР Прилеп

Од денеска (29.05.2021) ОВР Прилеп во своето редовно полициско работење ја воведува и велосипедската патрола, составена од униформирани полициски службеници кои ќе извршуваат работни задачи во превентивното полициско работење, но и во делот на одржување на јавниот ред и мир, спречување на вршење кривични дела и прекршоци, како и санкционирање на сторителите.

Вакви патроли веќе функционираат во повеќе градови и евидентни се позитивните ефекти по нивното воведување.