БОЧВАРСКИ : АВТОПАТОТ КИЧЕВО – ОХРИД ЌЕ ЧИНИ КОЛКУ ШТО Е ДОГОВОРЕНО ВО 2018-ТА, 598 МИЛИОНИ И НИТУ ЕВРО ПОВЕЌЕ

0
910

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска при увид на изградбата на автопатот Охрид – Кичево изјави дека делницата ќе чини, колку што е договорената цена со Кина, односно дека нема да поскапи поскапо со нјовиот анекс со кој ќе треба да биде продолжен рокот на работа на оваа долгогодишна инвестиција.

Тој ги повика изведувачот и останатите градежни компании да го забрзаат темпото на работа, бидејќи како што вели, создадени се сите услови за работа.

„Посебен тим на министерството и на Државни патишта работат напорно на инфраструктурните проекти за да ја оспособиме целата траса. На потег се градежните компании, бараме фокус и работа, граѓаните бараат резултати. Гласините за зголемување на цената не се точни, таа е утврдена на 598 милиони евра, нема да има дополнително поскапување. Имаме силен замав, но оваа динамика мора да продолжи понатаму. Временскиот рок истекува, а ние преговараме за негово продолжување, рече Бочварски.

Бочварски заедно со првиот вицепремиер Артан Груби и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми денеска изврши увид во изградбата на автопатот Кичево-Охрид кај Извор каде е сместен кампот на изведувачот на работите – кинески Синохидро.

Бочварски веќе најави дека во Собранието следниот месец ќе биде доставен предлог закон со којшто ќе се овозможи склучување нов анекс на договорот за изградба на автопатот Кичево-Охрид за да се продолжи рокот за изградба. Се уште се преговара за колку време ќе биде продолжен рокот за автопатот што со сегашниот анекс на договорот со изведувачот кој истекува во јуни.

Прогресот на работите на автопатот во должина од 57 километри изнесува 62 проценти, а Министерството за транспорт во изминатите месец и половина одобрило 20 од предвидени 70 инфраструктурни проекти за измени на трасата. Автопатот почна да се гради во 2014 година.