ШОКАНТНО: ВО ЗАТВОР ЌЕ ОДИ И ТАТКОТО НА БОКИ 13-КА, ПРЕТЕПАЛ КОМШИЈА ВО КАВГА ЗА ПАРКИНГ!

0
2423

Се крши браната која го штитеше семејството Јовановски. Под притисок на Алфа конечно, јавноста, но и семејството на свештеникот Виктор Стојчев добија одговор до каде им е случајот. По две години молк од институциите, обвинителството се одважи па даде одговор, дали ќе биде поведена судска постапка против Миле Јовановски за насилство.

Во одговорот на прашањата на Алфа Телевизија, што го испрати Обвинителството се вели дека за случајот е поднесено обвинителен акт до Кривичниот суд во кој се бара извршителот на насилството да одговара за кривично дело „тешка телесна повреда“.

Како резултат на сите направени проверки во текот на претходната постапка, а пред се како резултат на второто изготвено медицинско вештачење, надлежниот јавен обвинител во предметот донесе јавно обвинителска одлука и до Основниот кривичен суд Скопје достави Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Тешка телесна повреда од чл.131 ст.1 од Кривичниот законик.

Обвинителството во писмото не наведува кога е донесена оваа одлука и кога е доставена до судот, па затоа испративме нов допис до ОЈО од каде очекуваме да дознаеме зошто за дејствијата на обвинителството во врска со овој случај никој не е известен, дури ни оштетениот, односно свештеникот Стојчев.

Прашања упативме и до Кривичниот суд, од каде одговор не добивме. Судот е должен да соопшти кога и дали е пристигнат предлогот од обвинителството и што досега тие превземале во врска со тој случај. Дали воопшто е започнат некаков процес против лицето Миле Јовановски.

Боки 13ка јавно велеше дека ќе се заложел за процесот да мине во најдобар ред, но и тврдеше дека свештеникот нашол некој доктор кој му ја завиткал ногата во завој за да изгледа дека му е скршена.

Миле Јовнановски во целиот случај остана нем, па не се произнесе што се случило, иако Алфа се обиде да добие негов коментар.