БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ : ВРАТАТА НА ОПШТИНА ПРИЛЕП ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕНА ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ И ЖИТЕЛИ НА НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА, ВЕДНАШ ЗАПОЧНУВАМЕ СО ВЕТУВЊАТА ВО ТЕКОТ ЗА ВРЕМЕ НАРЕДНИТЕ ЧЕТИРИ ГОДИНИ

0
1020

Во Општина Прилеп денес официјално беше извршено предавање на функцијата градоначалник, од досегашниот градоначалник Илија Јованоски на новоизбраниот  градоначалник Борче Јовчески. Од страна на Општинската изборна комисија им беа доделени уверенија на новоизбраниот градоначалник Јовчески, како и на сите 27 советници во Советот на Општина Прилеп.

По превземањето на функцијата новоименуваниот градоначалник Јовчески се заблагодари за укажаната доверба и истакна дека ќе биде градоначалник на сите граѓани на Општина Прилеп.

„Во наредните четири години ќе стартувам со промените кои што ги ветивме преку проектите во нашата програма. Мојата врата ќе биде ширум отворена за сите граѓани и жители на населените места. Проблемите кои што ги имаат во секојдневниот живот ќе бидат решени  заедно со мене и Советот со кој што заедно ќе работиме во наредните четири години“, истакна новиот градоначалник на Општина Прилеп, Борче Јовчески на денешното обраќање по повод превземањето на градоначалничката функција.