Заев се изгушка со Ципрас пред хотел во Минхен

0
1138

Пријателски поздрави на маргините на Минхенската конференција за безбедност разменија грчкиот премиер Алексис Ципрас и шефот на македонската влада Зоран Заев, на влезот во хотелот каде што се одржува годинешниот настан. Ова е нивна прва средба по завршувањето на егислативниот дел од Преспанскиот договор и неговото стапување во сила.

Излегувајќи од хотелот по средбата со група американски сенатори, Алексис Ципрас го виде премиерот на Северна Македонија на влезот. Заев го запозна Ципрас со членови од неговата делегацијата во која беше и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Двајцата лидери ќе бидат почестени вечерва на специјална вечера со наградата Евалд фон Кластер на Минхенската конференција за нивниот придонес во меѓународниот мир и мирно решавање на споровите преку Преспанскиот договор.