СРАМНА ДНО КОЛУМНА НА БРАНКО ГЕРОВСКИ СО КОЈА ГИ НАВРЕДИ ГРАЃАНИТЕ КОИ НЕ СЕ ОД СКОПЈЕ: СДСМ БИЛО СЕЛСКО И ПРОСТАЧКО ЗАТОА ШТО БИЛО ВОДЕНО ОД ЛУЃЕ КОИ НЕ СЕ ОД СКОПЈЕ?!?!

0
1208

Неверојатно срамна колумна на уредникот на Плусинфо. Главната теза му е дека СДСМ било селска и простачка партија затоа што била водена од луѓе кои не се од Скопје?!?! Затоа СДСМ не го заслужувала Скопје?!?! Неверојатна теза која е срамна и бедна, дно дна!

Со ова излегува дека оние кои не се од Скопје се простаци а оние кои се во Скопје се по автоматизам сите најумни, па каков е овој локал фашизам?!?!

Оваа теза е толку плитка и простачка што не вреди човек ниту да ја анализира долго и нашироко.

Па само земете ги последните премиери и претседатели и водечки политичари на оваа земја, Борис Трајковски од Струмичко село, Петар Гошев од Пирава, Љубчо Георгиевски од Делчево, Никола Кљусев од Штип, Киро Глигоров од Штип, претседавачот со ООН Срџан Ќерин од Штип, Емил Димитриев од Пробиштип, Љубисав Иванов од Кратово, Стојан Андов од Кавадарци, Тито Петковски од Крива Паланка, Глигорие Гоговски од Тетово, Хари Костов од Пробиштип, Бранко Црвенковски од Охридско село, Иљо Иљоски од Охрид, Ристо Гуштеров од Радовиш итн итн итн…

Неверојатно е дното што го допре Геро откако стана медиска ударна тупаница на ВМРО ДПМНЕ, буквално кариерата новинарска ќе ја заврши на дното во калта заедно со најголемите фашисти, националисти ѝ невкусни популисти гадни новинари кои ширеле омраза и небулози манипулации со ниски страсти, гнасотилаци и лаги, а почна од толку високо и низ годините тоне и тоне како руска нуклеарна поддморница, просто неверојатно, колку човекот ги има изгубено компасите и хороскопите и он или мисли дека иде нагоре или па не му е важно, или па цел живот бил гад и гомно но во еден момент престанал да глуми, се изморил од глуматање и преправање сега конечно на стари години ужива во својата кожа без маски и разни перики и преправања…