ПОЧНА РАСЧИСТУВАЊЕТО НА КОНТАМИНИРАНАТА ПОЧВА СО ЛИНДАН КАЈ ОХИС: ПРВИТЕ 700 ТОНИ ЌЕ БИДАТ ОТСТРАНЕТИ ДО ПОЧЕТОКОТ НА ИДНАТА ГОДИНА

0
621

Денес започна чистењето на линданот од малата депонија во поранешната фабрика ОХИС. Околу 700 тони контаминирана почва со линдан треба да се отстранат до почетокот на идната година.

Депонијата на ОХИС е создадена од средината на 70-тите години на 20-тиот век, кога употребата на линданот била забранета. Дотогашното производство од 13 000 тони било оставено на отворено, без претходна подготовка на подлогата. Неколку години подоцна поради неподносливата миризба на пестицидот, депонијата била покриена со околу 20 000 тони земја. До ден денес таму постои депонија со над 30 000 тони екстремно опасен отпад.

Постапката за дислокација на линданот треба да се заврши во период од 12 месеци, а ќе го изведува грчката фирма Полиеко. Финансиите се обезбедени од Глобалниот еколошки фонд (GEF) – 3,1 милиони долари, Норвешка – 1,5 милиони евра, Делегацијата на ЕУ и Владата – 1,7 милиони евра, а од ИПА 3 програмата се очекуваат уште 5 милиони евра. Линданот треба да се однесе во Франција, а земјата под него – во Холандија.