„БОРО МАРЛБОРО БИЛ ЛИДЕР НА ДИЛЕРИ СО ДРОГА“ ВМРО-ДПМНЕ ОБВИНУВА ДЕКА КОВАЧЕВСКИ Е ОПКРУЖЕН СО КРИМИНАЛЦИ

0
276

„СДС кои преку системот кој го контролираат го амнестираа Боро Марлборо за шверцот со цигари, сега е главен трговец со дрога.

Имено според информациите кои излегоа во медиумите Боро Марлборо е под сомнение дека е главен на групата која тргувала со дрога. Се поставува прашањето, дали на Боро Марлборо му беше намалена казната за шверц на цигари за да излезе на слобода и да може да тргува со дрога? Дали Боро Марлборо работел под директива или заштита на некој од власта“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата нагласуваат дека криминалот му е силна страна на СДСМ и на нејзините врвни функционери.„Соработниците на Ковачевски се најголеми криминалци. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме“, се наведува во соопштението.