ПРОТЕКОА ПРВИТЕ ФОТОГРАФИИ НА PLAYSTATION 5 SLIM

0
408

PlayStation 5 беше прретставен во 2020 година и на оние кои го имаат добро им се познати неговите поголеми димензии. Токму поради оваа причина многу гејмери ​​чекаат Sony да ја објави Slim верзијата на конзолата за која се зборува веќе некое време.

Реномираните дојавувачи со месеци зборуваа дека Sony ќе го претстави PlayStation 5 Slim до крајот на оваа година, а сега се знае како треба да изгледа конзолата. Имено, поранешниот гејминг новинар Ендрју Мармо на социјалната мрежа Х објави фотографија на која наводно се гледа PlayStation 5 Slim (CFI-2016).

Иако фотографијата не е со најдобар квалитет, очигледно е дека PlayStation 5 Slim го задржува препознатливиот дизајн на својот „поцелосен“ брат. Конзолата навистина делува малку потенка, централниот дел на самиот врв е повеќе вдлабнат, а страните се преполовени, што значи дека секоја од нив се состои од два дела.

Останатите детали не се видливи, но ако се верува на неофицијалните информации, конзолата треба да биде малку пократка и треба да има отстранлив читач на Blu-Ray дискови, како и два USB-C порта на предната страна.