ЗАЕВ МЕЃУ СВЕТСКАТА ЕЛИТА ВО ДАВОС: Нешта кои не ги знаете за форумот каде се “роди“ Преспанскиот договор

0
1476

Скоро 50 години секој јануари светските лидери, шефови на најголемите светски компании и познати личности се собираат во малиот швајцарски град Давос, каде се одржува Светскиот економски форум.

Ова е собир на најмоќните луѓе на планетата, кои кога ќе се собере се, поседуваат исклучително голмо богатство, а одлуките кои ги донесат на овој собир влијаат на животите на сите држави. Форумот почнува на 22 јануари и ќе трае се до петок 25 јануари, а се проценува дека ќе собере околу 3000 учесници.

-Всушност не се вика Давос

Иако сите го нарекуваат Давос, овој јануарски состанок е всушност Светски економски форум  (WEF).  Давос е само има на планиското швајцарско одморалиште самитот каде се одржува.

Имало ситуации во кои многумина се обиделе да го искористат името Давос за свои манифестации.

Така да речеме инвестиционата конференција во Саудиска Арабија е наречена „Давос во пустината“. Тогаш WEF го возвратил ударот и порачал дека ќе ги искористи сите средства да го заштити брендот Давос од незаконско приспојување.

-Тоа не е само конференција

Светскиот економски форум е непрофитна група со амбициозна мисија да ја подобри состојбата во светот. Годишниот собир на светските лидери од бројни области не е само конференција.

Тука постојат и бескрајни говори и предавања за било која тема, од глобалната економија до тоа како да се реши проблемот со стрес.

Исто така, оваа средба служи и за вмрежување на луѓе, бидејќи можат четири дена да имаат голем број на состаноци, а сите се насочени едни на други бидејќи престојуваат на многу мал простор.

Одат на ручеци, вечери, забави и пијалоци, каде ја претставуваат својата држава или фирма.

-Состаноците може да доведат до акции

Основач на форумот е Клаус Шваб. Оваа манифестација се одржува од 1971 година, а замислена е како место каде ќе се разговара за пракси на глобалното управување.

Сега WEF  има широка дејност но критичарите тврдат дека тоа е само место каде многу се зборува. Но изолираната околина на Давос им нуди на политичарите прилика да се сретнат далеку од очи на јавноста.

Северна и Јужна Кореја овде ги одржаа првите состаноци на министерско ниво од 1989 година. Лани пак, грчкиот и нашиот премиер, Ципрас и Заев се сретнаа прв пат после седум години како би ставиле крај на спорот меѓу Македонија и Грција, кој постои веќе 27 години токму во Давос.

 

-Само фирмите многу плаќаат за да присуствуваат

Единствените учесници на Давос кои го плаќаат своето учество се компании, додека останатите учесници имаат бесплатна покана. Надоместот за компаниите изнесува 23 800 евра по лице. Но тоа не е се.

Оние кои доаѓаат на форумот мора да бидат членови на Светскиот економски форум. Постојат неколку нивоа на членство, почнувајќи од 60 000 швајцарски франци до неверојатни 600 000 франци да имате статус на „стратешки партнер“.

Тоа е скапа работа и само највисоките претставници имаат пристап до приватните состаноци со своите колеги од индустријата. Исто така добиваат и автомобил и возач додека се таму, па изгледа дека не е високата цена која треба да ја платат за тоа, зарем не?

-Има доста мажи

Од како почнал да се одржува овој форум, повеќето учесници на него се мажи, додека дамите се помалку присутни. Многу машки учесници на оваа средба почнале да ги опишуваат како „Давос мажи“.

Оваа година во Давос ќе бидат присутни 22 отсто жени, што не е сјајно но процентот се зголемил двојно од 2001 година.

-Нема млада публика

На средбите во Давос не присуствува млада публика, туку просечната старост за мажи е 54, а за жени е 49 години.

Сепак, и овде постојат исклучоци. Со само 16 години, јужноафричкиот фотограф Скај Меакер е најмлад учесник додека највозрасен е Давид Атенбра (92).

WEF има и свој јазик

Комплицираниот корпоративен жаргон е знак на оваа конференција. Она што учесниците го кажат може да биде доста мистично и за искусен набљудувач на настанот.

Дури и темата на секоја конфернеција е често неразбирлива.

-Тоа е како летање, само без вистинско летање

Овогодишни учесници се премиерите на Јапонија, Нов Зеланд, како и британскиот принц Вилијам и германската канцеларка Меркел.

Со оглед на тоа кој се доаѓа на форумот, безбедноста е на многу високо ниво. Снајперисти се распоредени на секој чекор.

Секој пат кога влезете во конференцискиот центар морате да го соблечете капутот, да го скенирате својот лаптоп и чанта, а потоа повторно да го облечете капутот.

Слична е проверката како на аеродромите, само што не летате никаде.

-Сите сакаат бесплатна капа

Иако овде се собираат најмоќните луѓе на планетата, кои имаат милиони долари, сите до еден сакаат бесплатна капа во сина боја.

Секоја година се обезбедуваат сини плетени капи за учесниците, па стана еден вид на заштитен знак на форумот во Давос.