БОМБА : ПРОТЕКОА РАЗГОВОРИ ОД ,,ВИБЕР” ГРУПА НА БОТОВИ НА ВМРО-ДПМНЕ КАКО СЕ ОРГАНИЗИРААТ ДА ЈА НАПАЃААТ ДАНЕЛА АРСОВСКА

0
458
t

Дека нападите кон градоначалничката Данела Арсовска и Градот Скопје се оркестрирани покажува и еден разговор ог Вибер група на членови на ВМРО-ДПМНЕ до кој дојде Инфомакс.

Извесна Ирена во Вибер групата на МК 11 Октомври – згради од Кисела Вода дава насока:

“Здраво на сите.

Насока: Потребно е да се напаѓа Град Скопје и Данела по ФБ, во врска со казната за Кисела Вода од Градот, бидејќи има организирани напади од ботови, генералните и најголемиот број коментари се позитивни кон општината”.

Како што дознава Инфомакс, пораката ја испраќа Ирена Стефанова која е претседател на МК 11 Октомври. За да биде лицемерието поголемо, претходната порака во групата, како што можете да забележите е против насилството врз жените, за во следната порака госпоѓата да организира напад кон жена, односно кон градоначалничката Арсовска.