СКАНДАЛ : СУДОТ ГО ОСЛОБОДИ ЕКСПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДИК ДЕРКОСКИ ЗА НАБАВКАТА НА СОФТВЕР ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ИЗБОРНИТЕ РЕЗУЛТАТИ КОЈ ПАДНА НА ДЕНОТ НА ИЗБОРИТЕ

0
677

На 15 јули 2020 година, вечертa кога ДИК требаше да ги објави првичните резултати од предвремените парламентарни избори, веб сајтот со резултатите беше паднат. (архивска фотографија)

Основниот кривичен суд Скопје денеска го ослободи поранешниот претседател на Државната изборна комисија Оливер Деркоски, кој беше обвинет за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување во врска со јавната набавка на софтвер за следење на изборните резултати. Ослободени од обвинението се и тројцата вработени во ДИК, кои тогаш беа членови на комисијата за јавни набавки.

На 15 јули 2020 година, вечертa кога ДИК требаше да ги објави првичните резултати од предвремените парламентарни избори, веб сајтот со резултатите беше паднат.

Според обвинението, Деркоски и тројца вработени во ДИК, како членови на комисија за јавни набавки, ја избрале „Дуна“ како најповолен понудувач за софтверот, иако фирмата не ги исполнувала условите за учество во постапката и притоа не спровеле правилна постапка за евалуација на доставените понуди.

Судечкиот совет, на чело со судијата Илија Трпков, при изрекување на ослободителната пресуда, кажа дека јавниот обвинител не докажал надвор од разумно сомневање дека обвинетите ги сториле делата за кои што се товарат.

Извор : СДК.МК