СДСМ : ВМРО-ДПМНЕ ДА ГИ ПРИЗНАЕ ЕКОНОМСКИТЕ МЕРКИ И ДА ГИ ГЛАСА ВО СОБРАНИЕТО

0
620

Соопштение за јавност – реакција на прес-конференција на Трајко Славевски

Наместо да даде одговор во чие име и во кое својство Христијан Мицкоски преговара за набавка на автобуси за Град Скопје, Трајко Славески денеска одржа прес-конференција на која по којзнае кој пат се обидуваше да ја исплаши јавноста дека македонската економија само што не пропаднала.

Таков став Славески имаше и кога се покачуваше минималната плата, кога растеа пензиите, кога се воведуваше повратот на ДДВ за физички лица.

ВМРО-ДПМНЕ може да учи како се носат и реализираат антикризни мерки за помош на граѓаните и стопанството во надминување на последиците од глобалните кризи.

Новиот пакет од 26 мерки во вредност од 400 милиони евра ќе го заштити стандардот на граѓаните и ќе му помогне на стопанството брзо да ги надмине негативните ефекти од глобалната економска и енергетска криза.

Додека државата и светот се соочуваа со последиците од пандемијата на коронавирусот, Владата предводена од СДСМ донесе шест пакети економски мерки вредни над 1,1 милијарда евра со кои се спасија над 60.000 работни места а успешноста на мерките беше поздравена и од Меѓународниот монетарен фонд.

И тогаш ВМРО-ДПМНЕ плашеше со црни сценарија и ги блокираше законите за да ја одолговлекува реализацијата на мерките.

Овој пат ВМРО-ДПМНЕ треба да се откаже од блокадите, да ја признае успешноста на пакетот мерки и во Собранието да ги изгласа потребните закони за нивна реализација.