БОМБА ОД ВОДНО: УТРЕ ВО 12 ЧАСОТ ПЕНДАРОВСКИ ЌЕ МУ ГО ВРАЧИ МАНДАТОТ НА ЛИДЕРОТ НА СДСМ, ЗОРАН ЗАЕВ!

0
841

НАЈАВА

12.08.2020 година

Претседателот Пендаровски ќе го врачи мандатот за состав на Влада

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, утре – 13 август 2020 година, четврток, во 12:00 часот, мандатот за состав на Владата на Република Северна Македонија ќе му го довери на Зоран Заев, претседател на СДСМ и пратеник во Собранието на Република Северна Македонија.

Зоран Заев, во име на коалицијата ,,Можеме”, којашто има освоено најголем број пратенички мандати во Собранието, го информираше претседателот Пендаровски за преговорите со повеќе партии за обезбедување на неопходното мнозинство во Собранието за избор на владата.