ЛУКАРЕВСКА НА КАНАЛ 5 : ГРАЃАНИТЕ ЧУВСТВУВААТ ДЕКА РАБОТИМЕ ВО НИВЕН ИНТЕРЕС ЗАТОА СДСМ ВОДИ НА АНКЕТИТЕ И Е ФАВОРИТ НА ИЗБОРИТЕ

0
1162
Последната анкета на Брима е јасна – перцепцијата на граѓаните е дека СДСМ е победник на претстојните избори, дека СДСМ го има најдоброто за државата, посочи заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска во емисијата Жешко политичко лето на Канал 5 телевизија.
„Граѓаните чувствуваат дека СДСМ работи во нивен интерес, дека дава фер шанса за сите и затоа сметам дека сме фаворити и победници на локалните избори. На последната седница на Извршниот одбор беа утврдени 30 кандидати за градоначалници од редовите на СДСМ, во наредниот период ќе се затворат уште неколку општини со потврдени кандидати и некаде до крајот на август ќе ја имаме целосната понуда. Наше е да ја изработиме кампањата, да го дадеме најдоброто за нашата општина, како што го правиме во целиот овој период“ посочи Лукаревска.
Во однос на родовата застапеност во партијата, Лукаревска истакна дека СДСМ и на претходните парламентарни избори и низ органите на партијата воведе целосна родова еднаквост и дека тоа ќе биде така и на листите за советници на овие локални избори.
„Принципот 50-50 кој го промовиравме на парламентарните избори, со носител и ко-носител, потоа го пресликавме и во рамки на Извршниот и Централниот одбор и јас во скоро сите мои медиски појавувања, на сите маалски средби ги повикувам жените политичарки што повеќе и помасовно да поднесуваат свои кандидатури, независно дали станува збор за кандидатури за градоначалници или советници и сметам дека при изборот на најдоброто, секако и што повеќе жени, во споредба со она што го имаме сега во моментов. Сега, пет жени се градоначалнички и секој успех што ќе биде над тие пет општини, ќе биде неминовен, секако покрај жени градоначалички, треба да има и што повеќе жени носителки на советничките листи и ние тоа како партија на овие локални избори ќе се трудиме да го имаме како принцип“ заклучи заменик претседателката Лукаревска.