ЕКСКЛУЗИВНО: Членството на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци контра Силјановска

0
1403

Штабовите на ОК ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци утринава осамнаа со поставен транспарент “Гога не е ВМРО”. Ова се случува во пресрет на вечерашниот митинг на Силјановска во Кавадарци.

Членовите на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци очигледно не го кријат своето незадоволство од кандидирањето на Гордана Силјановска за претседател од страна на нивната партија.  Своето незадоволство тие синоќа го изразија преку поставување на транспарент пред нивниот централен штаб во Кавадарци, на кој пишуваше “Гога не е ВМРО”.

На социјалните медиуми како и низ кавадаречката чаршија, деновиве, дел од членовите на ВМРО-ДПМНЕ негодуваат од изборот на Силjановска за претседателски кандидат.

Нивните коментари најчесто се насочени кон политичкиот ангажман на професорката во минатото.

Најмногу што членството на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци и забележува на Силјановкса е фактот што таа била министер во влада на Бранко Црвенсковски , од која добро се офајдила, преку добивањето на дозвола за отварање на фри шопови.

Членовите на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци исто така и забележуваат и на тоа што била член на управен одбор на невладината организација СОРОС, како и фактот што Гордана беше еден од фронтмените на професорскиот пленум, кој жестоко се спротистави на предлог законот за високо образование на тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Покрај ова членството не се согласува и со либералните ставови кои професорката ги има во однос семејството и за истополовите бракови.

Членовите на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци велат дека е срамота што нивната партија решила да кандидира за една од највисоките државни позиции кандидат како Гордана Силјановкса, која како што тие велат не дели ниту една заедничка вредност и идеологија со онаа на партијата.

Голема е веројатноста со ваквата поделеност во партијата, голем број од членовите на партијата воопшто да не излезат на гласање на 21-ви април. Синоќешниот транспарент и неколкуте графити го навестуваат ова сценарио.

ИЗВОР: ДОЗНАЈ