ВМРО-ДПМНЕ И ПОНАТАМУ СИ ГИ ПЛАЌА СВОИТЕ НОВИНАРИ: ЛАТАС И ИВОНА ДОБИЛЕ 20.000 евра, АЦО ИНФОМАКС 10.000 евра, ГЕРО НЕШТО НАД 8.000 евра !

0
1039

Најголемите договори, партијата од Белата палата ги склучила со порталската групација што ја обединува унгарската фирма „Адинамик медиа“. Станува збор за три договори со порталите „Република“, „Курир“ и „Нетпрес“ и нивните сестрински сајтови, како „Вистина“ и „Денешен“, кои заедно ја надминуваат сумата од 52.000 евра.

ВМРО-ДПМНЕ и партнерите, за изборни реклами потпишале голем договор, на сума од 20.000 евра, и со фирмата „Глобал нет“ во името на седум портали, меѓу кои „Среќа“, „Лејди“ и „Градина“.

Дел од рекламниот колач на коалицијата Обнова на Македонија, наменет за изборите, го добиле и порталите што се дел од групацијата „Макс медиа груп“, која се врзува за поранешните уредници на Сител и на весникот „Вечер“, Драган Павловиќ – Латас и Ивона Талевска.

Станува збор за трите сајта „Вести“, „Весник“ и „Вечер МК“, кои за изборни реклами треба да добијат околу 20.000 евра.

Релативно високи договорни суми добиле и сајтовите „Макпрес“ (11.800 евра), „Сигнал“ (12.500 евра), „Инфомакс“ (10.000 евра) и „Акцент“ (10.000), додека нешто пониски – „Плусинфо“ (8.200 евра), порталската групација на „Фактор“ (8.200) и МКД МК (8.800 евра).

Повеќе за оваа истражувачка сторија на БИРН може да прочитате ОВДЕ