БОМБА НА СДК : УАПСЕН БИВШИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ЦЕНТАР ВЛАДИМИР ТОДОРОВИЌ И 10 СОРАБОТНИЦИ ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ ЗА СПОМЕНИЦИТЕ ОД „СКОПЈЕ 2014“

0
858

Бившиот градоначалник на Центар Владимир Тодоровиќ од ВМРО-ДПМНЕ и 10 соработници се уапсени синоќа под сомневање за злоупотреба на службената положба и овластувањата и за перење пари за спомениците во Скопје, дел од проектот „Скопје 2014“ вреден 700 милиони евра.

По поминатата ноќ во полициска станица, се очекува да бидат изведени пред судија на претходна постапка во Одделот за организиран криминал и корупција во Кривичниот суд Скопје.

Бидејќи со кривичните дела осомничените го оштетиле државниот Буџет, надлежноста е на Обвинителството за организиран криминал и корупција, а истрагата ја води обвинителот Љубомир Лапе.

Оваа истрага е отворена уште од времето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) , а според поранешни сознанија на САКАМДАКАЖАМ.МК, главните докази низ годините се обезбедуваа во Италија, каде што беа лиени безбројните споменици, кои тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ преку Владата на чело со Никола Груевски и преку Општина Центар, ги вадеа преку ноќ како од фабричка лента.

Овие кривични дела каде што е оштетен Буџетот не застаруваат неколку децении.