Николовски: Анкетите покажуваат дека граѓаните ги поддржуваат политиките кои водат напред а не на оние кои буткаат назад

0
991

Анкетите покажуваат дека поддршката на граѓаните е на политиките кои водат напред а не кои не буткаат назад, рече генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски на денешото интервју Топ Тема на Телма телевизија.

„СДСМ интензивно е на терен, работиме на терен, сите наши структури во овој период, од летото навака се на терен. Организиравме над 30 трибини кои масовно беа посетени од граѓаните. 6,000 наши тимови се на врата до врата за да разговараат со граѓаните, потребите, критиките и за креирањето на нашата нова програма. Да ги сочекаме рејтинзите и од денешната објавена анкета и ќе видиме точно што мислат граѓаните. Граѓаните не сакаат блокади и опструкции како што ги најавува Мицкоски туку сакаат да продолжиме напред“ рече Николовски.