БОМБА НА ПОРТАЛОТ 360 СТЕПЕНИ : СДСМ со стартна предност од 1,6 процентни поени пред ВМРО-ДПМНЕ

0
1309

За разлика од коалицијата „Обнова“, која нема поддршка меѓу етничките Албанци во земјава, коалицијата „Можеме“ се наметнува како трета опција според рејтингот во овој блок, по ДУИ и Алијансата.

СДСМ стартува со блага предност пред ВМРО-ДПМНЕ во кампањата за парламентарните избори на 15 јули, според анкета на агенцијата М-Проспект“, што ќе биде објавена во целост вечерва на Телма.

Ќе влијае ли кампањата за промена на првичното расположение на гласачите?

Според резултатите од телефонската анкета, со која биле опфатени 1 003 испитаници, за коалицијата „Можеме“, што ја предводи СДСМ, би гласале 23,5проценти од гласачите. За коалицијата „Обнова“ на ВМРО-ДПМНЕ, пак, се определиле 21, 9 отсто.

Доверба во ДУИ искажале 6,4 отсто од испитаниците, а следна политичка опција е Алијансата на Албанците, која оди во коалиција со Алтернатива – со пет проценти доверба кај гласачите.

Новата конзервативна партија – Интегра, на стартот на предизборието, има еден процент поддршка, а сите други политички субјекти што учествуваат на овие избори се со рејтинг под 1 отсто.