НОВИ МЕРКИ ЗА СЛЕДНИТЕ ДВЕ НЕДЕЛИ: ПОЛИЦИСКИ ЧАС 20Ч.-05Ч., ЦЕЛОСНА ЗАБРАНА ЗА СЕДЕЊЕ ВО УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ

0
918

На денешната седница, Владата донесе нови мерки за заштита од Ковид-19.

Премиерот Зоран Заев рече дека поради растот на бројот на заразени и починати, а на предлог на министерот за здравство Венко Филипче и Комисијата за заразни болести донесени се повеќе рестриктивни мерки.

Прво, забрана и посебен режим на движење на граѓаните од 20 до 5 часот наутро, почнувајќи од утре, до 20 април.

На граѓаните кои извршиле вакцинација им се дозволува враќање дома и во полициски час.

Се воведува и целосна забрана за посетители и гости во сите ресторани, кафулиња, хостели, мотели, хотели, а оние кои подготвуваат храна може да ја доставуваат онлајн или по нарачка преку телефон, почнувајќи од 7 април до 20 април.

Исклучок се угостителските објекти во аеродромите во Скопје и Охрид, како и за хотелите, мотелите и хостелеите, за гостите сместени во објектите.

Се вовездува забрана за посета на обложувалниците, уплата да се врши само на шалтер исто од 7 до 20 април.

Забрана за посета на сите фитнес сали, теретани и сл. Се забрануваат семинари, обуки, курсеви од 6 до 20 април.

На земјоделците им се дозволува одење на нива и на пазари.

Сите кои живеат во колективни домови и имаат куче може да ги шетаат од 22 до 23 часот, најмногу до 100 метри околу објектот.

Останува забрана за групирање повеќе од четворица на отворено.

Премиерот повика да се почитуваат мерките и да не се организираат прослави и собири.