БОЗДУХОПЛОВНИТЕ СИЛИ НА САД ДОБИЈА НАРЕДБА ДА ГИ ПРЕКИНАТ ЛЕТОВИТЕ 24 ЧАСА

0
408

Американската војска им нареди на своите воздухопловни единици да ги запрат сите операции за еден ден следниот месец за да се разгледаат безбедносните процедури и обуката по неодамнешните две хеликоптерски несреќи во кои загинаа 12 војници.Два хеликоптери се судрија во четвртокот на Аљаска, при што загинаа тројца воени пилоти. Минатиот месец девет воени лица загинаа кога два хеликоптери се судрија за време на тренинг мисија во државата Кентаки.

Според наредбата, следниот месец секој дел од копнените сили ќе треба да изврши целосен безбедносен преглед на леталата што ги поседува и кои нема да летаат во тој 24-часовен период. Исклучоци ќе бидат направени само за најитните мисии.