НЕМА ПОУБАВИ ВЕСТИ ОД ДЕНЕС – ШЕФИЦАТА НА ЕУ ЛАЈЕН : Денеска вакцината е испорачана во сите ЕУ земји, утре почнува вакцинацијата низ цела ЕУ

0
1472

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, упати видеопорака до граѓаните на Европа по повод почетокот на испораката на првите вакцини против Ковид-19 во ЕУ.

– Денеска е ден на испорака, а утре ќе почнеме со вакцинирање низ цела ЕУ – рече фон дер Лајен.

Урсула фон дер Лајен нагласи дека ЕУ набавила доволно вакцини за 450 милиони нејзини граѓани и оти во исто време им се достапни на сите членки на ЕУ.

Според неа, европските денови на вакцинација, од 27 до 29 декември, ќе бидат емотивен момент на единство и европски успех.

– Вакцинацијата ќе ни помогне постепено да се вратиме во нормалниот живот. Кога ќе се вакцинираат доволно луѓе, ќе можеме повторно да патуваме, да се среќаваме со пријателите и семејството и да имаме нормални празници – истакна фон дер Лајен.

Таа предупреди дека дотогаш сите мора да останат внимателни за да се заштитат себе си и другите од вирусот.

– Ајде сите заедно да останеме безбедни и 2021 година да ја направиме година на европско закрепнување и надеж – рече фон дер Лајен.