СЛАВЕВСКИ ПРЕДУПРЕДУВА: СИ ИГРАМЕ СО ОГАН СО ЕМИГРАНТИТЕ ОД ИСТОКОТ, ЌЕ ПРАВАТ ПРОБЛЕМИ, ТИЕ НОСАТ СО СЕБЕ ДРУГА КУЛТУРА И СВАЌАЊА, ИМАМЕ НЕВРАБОТЕНИ ДОМА НО НЕ САКААТ ДА РАБОТАТ ЗАТОА ШТО ГИ ХРАНИМЕ СО СОЦИЈАЛНА ПОМОШ

0
404


На секој агол од градските крстосници, од утро до мрак, црномурести млади мажи (и јас сум црномурест, но не млад 🙁 ) агресивно, со шише вода и со валкан сунѓер, се нудат да ни ги исчистат стаклата од автомобилите за 10 денари. Притоа ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот, а најмногу својата безбедност.

Во исто време, особено наутро и навечер, гледаме црномурести млади мажи, дојдени од странство, во жолти елеци, како во групи одат и се враќаат од градилиштата во главниот град. Засега се тивки и нечујни. Нема да остане така во иднина.

Првите, т.е. нашите, добиваат социјална помош од државата Република Македонија и кажуваат дека им било “неисплатливо” да работат. Вторите, веројатно бегалци или мигранти од сопствените земји, дошле во потрага по парче леб и подобар живот. Исто како и илјадниците наши млади мажи и жени, кои заради погрешните политики ја напуштаат сопствената држава за парче леб и подобар живот во туѓина. Ова мора да се промени!