СЛАВЕВСКИ : СЕ ВРАТИВМЕ ВО ВРЕМЕТО НА СОЦИЈАЛИЗМОТ, ДРЖАВАТА ТРОШИ БЕЗ КОНТРОЛА, ПРОЕКТИРАНИТЕ БУЏЕТИ ИМААТ ТРЕТМАН НА ОБИЧНО ПАРЧЕ ХАРТИЈА, КОЕ НЕ Е НИТУ РАМКА!

0
387

 Во услови на наплив на популизам од страна на владата на ДУИ и СДСМ не може да се очекува стабилизирање, а камо ли намалување на јавниот долг во Република Македонија во наредната година; – кон сумата од 8 млд евра јавен долг треба да се додадат и долговите на ЈП и здравствените установи на централно и на локално ниво.

ЈП и установите се зафатени од синдромот “меки буџетски ограничувања”, карактеристичен за економските субјекти од времето на социјализмот. Проектираните буџети имаат третман на обично парче хартија, кое не е ниту рамка. Буџетите се “условни”, што значи дека нема никаков притисок за ефикасно и домаќинско работење, што во согласност со нашиот менталитет и култура на неказнивост отвара простор за расипништво и корупција со парите на граѓаните; – оттаму, цената на новите задолжувања на домашниот и на меѓународниот финансиски пазар, неопходни за хранење на “аждајата”, е во постојан пораст и само го зголемува товарот врз идните генерации; – половина од дефицитот во државната каса, проектиран за 2024 година, отпаѓа на камати на долгови од претходниот период и овој сооднос ќе се влошува и понатаму доколку не се пристапи кон посериозна фискална консолидација.

Такво нешто е илузорно да се очекува од актуелната влада, особено не во изборна година; – нема сомнение дека Европска Комисија со најавениот План за раст на земјите од Западен Балкан сака да му помогне на регионот побрзо да се развива, во отсуство на јасна перспектива за полноправно членство во ЕУ во догледно време. Но, наивно е да се очекува дека би се остварила целта за дуплирање на БДП по глава на жител во земјите од ЗБ за една декада, за што е потребна годишна стапка на раст на БДП од дури 7%. На случајот на Република Македонија ова е далеку од реално со оглед на капацитетот на економијата и на институциите.

Ако тоа било така лесно да се постигне со околу 800 милиони евра, колку што се очекува да изнесува помошта за РМ, дел поволни кредити, а дел како грантови, владата предводена од “првиот вицепремиер” @ArtanGrubi ќе го оствареше, имајќи ги во вид бездушните трошења на парите на нашите граѓани. Наместо ова, во континуитет бележиме една од најниските стапки на раст во регионот што во просек не достигнува ниту 2%.