СДСМ ЗА ТУТУНАРИТЕ – ДИМКОВСКИ : РЕКОРДНА ОТКУПНА ЦЕНА ОД 290 ДЕНАРИ

0
379

Прес-конференција, Трајан Димковски, претседател на Комисија за земјоделство на СДСМ.

Почитувани,

Зад нас е една од најупсешните сезони на проиводство и откуп на тутун, една од стратешките култури во државата.

Со одговорен, партнерски однос на СДСМ и тутунопроизводителите обезбедивме рекорден откуп на тутун, кој заврши на време и без никакви проблеми.

Постигната е рекордна цена од 290 денари за килограм произведен и предаден тутун, а рекордни 80 отсто од производениот и предаден тутун е од прва класа, што покажува дека реколтата 2022 е со најголем квалитет до сега.

Вкупната вредност на предадениот тутун изнесува 100 милиони евра, плус обезбедивме и исплативме уште 26 милиони евра директни субвенции кон тутунарите.

Ова се рекордни износи на откуп и финансиска поддршка кон тутунарите со што одгледувањето на оваа култура повторно станува атрактивна за земјоделците.

Доказ за тоа е и фактот што површини под тутун се зголемени зголемени површини за 1453 хектари, додека бројот на нови договори со тутунарите е зголемен за 1.800 договори.

За нас во СДСМ зборот останува збор. Ветивме засилена поддршка кон сите земјоделци и навремена и неселективна исплата на субвенциите и тоа го правиме.

Продолжуваме со вистинска грижа за нашите сограѓани земјоделци, продолжуваме со засилени инвестиции во земјоделството како клучна стопанска гранка.

Благодарам.