БОГОЕВ : НА ИЗБОРИТЕ ЌЕ СЕ ОДЛУЧУВА ДАЛИ ОДИМЕ КОН ЕВРОПА И ПОДОБАР ЖИВОТЕН СТАНДАРД ИЛИ КОН ИЗОЛАЦИЈА И ЕГЗОДУС НА МЛАДИТЕ

0
473

Потребната одлука за иднината на земјата со уставните измени е само механизам како да стигнеме до поголемата работа: членство во ЕУ. Сега имаме шанса да имаме подобар живот, економија, повисок економски стандард, повисоки плати, пензии, поубави болници, школи, подобар правосуден систем, доколку побрзо станеме членка на Европската унија, истакна потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев во емисијата „Студио 10“ на телевизија 24.

Богоев нагласи дека трендот е иселување може да се спречи само со членство во ЕУ, да знаат младите дека овде имаат европски перспективи, европски стандарди, европски плати.

Ако сега не биде цело ДПМНЕ, тогаш доволен број  на пратеници да биде на ниво на историската задача пред која, како држава сме исправени да го продолжиме европскиот пат, рече Богоев, додавајќи дека ако цената за младите генерации да останат во државата е вклучување на Бугарите во Уставот, тогаш таа цена треба да се плати.

Можам да бидам херој за одреден број граѓани, ако овде почнам да се чукам во гради да плукам по Бугарија и да се величам, да се правам квази-патриот ама дали е тоа најдобро за државата. Не е, чукањето во гради нема да наполни нечиј фрижидер, да наполни нечиј џеб, нема да изгради нов автопат, нова болница – членството во ЕУ, европските фондови ќе ги направат тоа, нагласи Богоев, додавајќи дека милијарди евра ја очекуваат државата не само со влезот во ЕУ, туку и во текот на пристапните преговори.

Потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев во врска со претстојните претседателски и парламентарни избори нагласи дека тие треба да бидат, во редовен термин, одвоени.
На избори ќе одиме со она што сме го сработиле, не сме имале скандал со прислушување, пљачка со Скопје 2014, сме имале историски зголемени плати, пензии, социјална помош, субвенции, како и со визијата за следните 4 години, која ќе се однесува на европскиот пат, рече Богоев, додавајќи дека ДПМНЕ и Левица освен чукање во гради, квази, евтин популизам не нудат ништо друго.

Квазипатриотизмот на Левица и Апасиев и ДПМНЕ и Мицкоски, кои се нивни зложници, може да не доведе само повторно да бидеме изолирана држава од светот, која не разговара со соседите, држава без перспектива, каква што гледавме 11 години. Од таква држава  се случува егзодус на млади луѓе. Состојбата е црно-бела,  да одиме кон Европа и подобар животен стандард или кон исток, кон Русија, кон изолација на Македонија, со понизок животен стандард, со иселување, ама да се чувствуваме горди Македонци таа е разликата, што ја нудиме ние, порача потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев во емисијата „Студио 10“ на телевизија 24.