Јанева: Се надевам дека со моите аргументи ќе ја забрзам истрагата за „Рекет“

0
969

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева пред малку се појави во Обвинителството за организиран криминал и корупција, каде што треба да даде исказ за случајот „Рекет“.

-Јас се уште сум специјален јавен обвинител. Моите обвинители ги работат предметите и се надевам дека оваа есен ќе има разрешница на неколку случаи. Што се однесува денеска до мојот денешен исказ се надевам дека со моите аргументи ќе ја забрзам истрагата, рече Јанева.

Пред обвинителството Јанева, покрај многубројните новинарски екипи ја пречека и адвокатот Стеван Павлески, со кого заедно влезе во обвинителството.

ИЗВОР: ФОКУС.МК