БОГОЕВ ЗА ,,КЛИК ПЛУС” : МОЖНО Е ПРАТЕНИЦИ ОД ВМРО-ДПМНЕ ДА ДАДАТ ПОДДРШКА ЗА ЕВРОПСКИОТ КОНЦЕПТ

0
458

Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека е можно пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ да дадат поддршка за европскиот концепт.

„Затоа што мислам дека има, како помеѓу граѓаните така и помеѓу пратениците во Собранието, и во опозицијата пратеници кои што се свести за битноста и значењето на моментот дека сега за прв пат после долго време блокадата или деблокирањето на процесите визави пристапување кон ЕУ зависат директно од нас“, порача Богоев.