БОГОЕВ ВО ЧУЧЕР САНДЕВО : СКОПЈЕ Е НЕФУНКЦИОНАЛЕН ГРАД ПОРАДИ КАВГИТЕ И НЕСПОСОБНОСТА НА ВМРО-ДПМНЕ И АРСОВСКА

0
462
Потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев денеска се обрати на трибината „Силно и одлучно кон иднината што се одржа во општина Чучер Сандево.
Во своето обраќање, Богоев порача дека СДСМ е пример за одговорна, посветена работа во интерес на граѓаните и државата.
– Тоа е сосема спротивен концепт од оној на ВМРО-ДПМНЕ, партија која знае само за деструкции, блокади и нанесување штета врз граѓаните и државата. Гледате што прават во главниот град, откако се искараа за раце во медот, целосно го блокираа градот. Не функционира јавниот превоз, а пред колапс се и другите јавните претпријатија и одговорноста за тоа е кај Христијан Мицкоски, кај Данела Арсовска и кај ВМРО-ДПМНЕ, тие го создадоа хаосот и тие треба да преземат одговорност и да ги запрат блокадите, порача Богоев.
Богоев посочи дека СДСМ и на централно и на локално ниво презема конкретни чекори за унапредување на животниот стандард на граѓаните.
– Вие во Чучер Сандево имате одличен градоначалник, градоначалник домаќин кој решава проблеми, враќа стари долгови и ја реализира својата програма и неговата работа треба да биде пример за другите градоначалници, истакна Богоев.
Градоначалникот на Чучер Сандево Сашко Комненовиќ посочи дека во првата година од својот мандат реализирани се над 29 проекти кои го унапредуваат квалитетот на живот и се заблагодари на централната власт за поддршката што неговата општина ја добива.
– Успеавме да ја отвориме првата градинка во Општината и на радост, на задоволство на родителите, на семејствата, денес имаме над 90 деца во градинката. Кога ја превземав Општината општинската каса беше задолжена во износ од 77 милиони денари. Покажавме дека со совесно и одговорно работење и управување со Општинскиот буџет успеавме да вратиме долг од над 32 милиони. Сите знаеме дека изминатиот период беше тежок период, поради глобалните кризи, но тоа мене ме мотивираше уште повеќе да работам и да создавам за да ги подобриме условите за живот во општина Чучер Сандево, порача Комненовиќ.