„БЛИНКЕН И БОРЕЛ КУКАВИЧКИ ЗАМИНАА, СЕ ИСПЛАШИЈА ОД СЕКАКОВ ИСКРЕН РАЗГОВОР ПОТКРЕПЕН СО ФАКТИ“ РЕЧЕ ЛАВРОВ

0
332

Рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров го оцени како кукавички потегот на американскиот државен секретар Ентони Блинкен и шефот на европската дипломатија Жозеп Борел да заминат пред да пристигне тој на 30-от министерски совет на ОБСЕ во Скопје.

Според Лавров, тие избегнале да се сретнат со него и заминале уште пред почетокот на советот.

„Мојот колега Блинкен го избегна самитот, но јас сум тука. Блинкен си замина, Борел си замина. Зошто го направија тоа? Веројатно сакаа да ја нагласат нивната намера за изолација на Русија, но мислам дека едноставно постапија кукавички. Се исплашија од секаков искрен разговор поткрепен со факти“, изјави Лавров.