КЛИНИКА ,,ЖАН МИТРЕВ” : КРИВИЧНИОТ СУД ГИ БЛОКИРА СМЕТКИТЕ НА БОЛНИЦАТА

0
413

Клиниката „Жан Митрев“ информира дека на еден ден пред да почне судскиот процес Кривичниот суд донесе решение за определување предлог мерки за целосно блокирање на сметките на болницата. Со донесените мерки целосно се блокира работењето на болницата, која е здравствена организација од јавен интерес, се вели во денешното известување на клиниката „Жан Митрев“.
„Клиниката од денеска не е во можност да ги отплаќа обврските кон банките. Ќе направиме сѐ што е во нашите можности и лекувањето на ниту еден пациент нема да биде доведено во прашање иако, постапките на Кривичниот суд, а на барање на обвинителството одат во поинаква насока, односно бараат затворање.

Сѐ што баравме е фер судење во однос на лагите и невистините пласирани против нашата Клиника, а добивме ‘пресуда’ пред почнување на судскиот процес.
Токму поради овој развој на настаните кој го очекувавме после седуммесечната синхронизирано организирана хајка баравме од јавноста и од претставниците на меѓународната заедница во Македонија да се заинтересираат и да го следат судскиот процес.Очигледно дека нашите апели беа залудни бидејќи токму пред денешното почнување на судскиот процесот сведоци сме на брутална блокада со нејасна позадина.Образложението на Кривичниот суд дека се блокираат сметки на правни лица кои не се од интерес на клиниката е целосно неосновано. ПЗУ ‘Жан Митрев’ Струмица и Битола не можат сами да ги покријат инвестициите и тие ги покрива матичната клиника во Скопје.

Другиот правен субјект „Фила фарм“ работи со позајмица за да може да ги исплаќа побарувањата на правниот субјект „ЛАБС“, кој е исто основан и поврзан со клиниката ‘Жан Митрев’. Друштвата кои се наведени се формирани и се финансираат согласно законската регулатива во државата и истите се тесно поврзани со функционирањето на клиниката. Тие вработуваат голем број луѓе и истите се двојно пораснати во капитал.Потенцираме дека ваквото решение на Кривичниот суд е во спротивност со начелата на презумпција на невиност и создава неиздржлив притисок“, се вели во реакцијата на клиниката „Жан Митрев“