БЕЧИЌ : ,,РАДУВАЈ СЕ ЦРНА ГОРО, ДИКТАТОРОТ Е ПОРАЗЕН!”

0
385

Диктаторот е поразен, но борбата за подобра иднина на Црна Гора продолжува само со луѓе кои знаат да ја ценат жртвата и да ја слават слободата, изјави лидерот на Демократите, Алекса Бечиќ.Претседателскиот кандидат на Движењето Европа сега, Јаков Милатовиќ, според првичните резултати, на претседателските избори што се одржаа денеска убедливо го победи кандидатот на ДПС, Мило Ѓукановиќ.

Бечиќ рече дека победата на Милатовиќ „е темелот на нашето помирување, напредок и европска иднина“.

-Радувајте се, народе на Црна Гора! Готово е! Заврши диктаторската ера и политичката кариера која траеше 35 години. Ова не е само обичен ден, туку историски ден, денот кога како еден тим и една земја решивме да ја славиме слободата.

Децениска борба, децении тага, децении страдање што го преживеа нашиот народ. И кога ќе се сетам на сите тие моменти, се сеќавам и на сите луѓе кои учествуваа во тоа – оние кои ги дадоа своите животи, оние кои дадоа слобода, оние кои беа претепани , политички уапсени, оние кои беа протерани и оние кои останаа без работа, рече Бечиќ.