ФОТО: Масакр и пичвајз на дрвјата во дворот на Брза помош во Прилеп

0
1316

isecen_drvored

Багремовите дрвја во дворот на Брза помош во Прилеп вчера се исечени од страна на прилепското „ЈКП Комуналец“, јави „10без10“.

Според фотографиите од местото на кое до пред некој ден беше препознатливо по багремовите дрвореди, се работи за чистење на теренот кој граничи со ѕидот на градскиот стадион Гоце Делчев, пишува порталот

Запрашан за причините за оваа сеча, новоназначениот директор на прилепската болница Петар Ристески посочи дека тој не е надлежен за активностите и упати да побараме одговор на нашите прашања во ЈКП „Комуналец“, кои биле задолжени да ја извршат интервенцијата, пренесува порталот.

Од прилепското комунално претпријатие стасал следниот одговор „Багремовиот дрворед во дворот на прилепската брза помош, веќе неколку години е планиран да биде отстранет, поради тоа што дрвјата комисиски беа проценети за висок ризик поради нивната старост, но неколку пати до сега нивното сечење беше одлoжувано. Во последно време добивавме пријави и од градскиот стадион да ги отстраниме дрвјата, поради што и интервениравме по поднесените барања“.

Исечените багреми долги години беа препознатлив дел од болничкиот комплекс. Останува да видиме дали на местото на исечените дрвја ќе бидат засадени млади садници кои ќе го надоместат недостатокот од зеленило, или пак „исчистениот“ простор ќе биде пренаменет, коментира „10без10“.

Повеќе фотографии ОВДЕ