(ФОТО) На Дурмо Турс не му е првпат да излета од пат, лани го извлекувале на Косово

0
1374
На „Дурмо турс“ не му е првпат да излета од патот. Косовските медиуми лани известиле за автобус  на оваа компанија излизган на пат кон Приштина. Автобусот два дена стоел покрај автопатот.

Косовскиот портал „Дреница прес“ лани на деветти март известил дека со полиција и кранови се извлекува автобус на оваа компанија.

 „Иако инцидентот се случи вчера, полицијата денес се обидува да го повлече автобусот. ’Дурмо турс’ сообраќа секојдневно од Скопје до Приштина и обратно. Не е познато дали имало повредени патници“, јавил пред речиси една година овој косовски медиум.