АЈФЕЛОВАТА КУЛА СЕ ОТВОРА ПОВТОРНО НА 25 ЈУНИ

0
958

Ајфеловата кула ќе биде повторно отворена за посетителите на 25 јуни по тримесечен прекин на работата поради епидемијата на новиот коронавирус, соопшти денеска компанијата задолжена за одржување на таа туристичка атракција во Париз.

Посетителите ќе можат да се искачат пеш, не со лифт, само до вториот кат и ќе мора да носат заштитни маски.

– Ајфеловата кула повторно ќе биде отворена на 25 јуни во 10 часот, откако беше три месеци затворена поради пандемијата на Ковид-19. Тоа е најдолго затворање на кулата од Втората светска војна, се додава во соопштението, нагласувајќи дека бројот на посетителите ќе биде ограничен.

Симболот на Париз е изграден во 1889 година како експонат за Светската изложба по повод прославата на 100-годишнината од Француската револуција.