Олигарх опседнат со бесмртност стои зад анализата за најбезбедни земји во ковид-19 што ја пренесе „Форбс“

0
861

На 5 јуни годинава „Форбс“ ја цитираше анализата на групацијата „Dark knowledge group“ која ги рангира земјите во светот според безбедност во време на пандемијата предизвикана од ковид-19. Текстот во „Форбс“ беше насловен како „Најбезбедните 100 земји во светот за ковид-19“, а во земјава оваа вест пристигна два дена подоцна на 7 јуни и прилично ја разбранува јавноста. Критички изјави на опозиција дека „Македонија ја нема ниту во првите 100 најбезбедни земји на листата на ’Форбс‘“.

Но, интересно е дека уште на 8 април, „Тајмс оф Израел“ ги ставил под знак прашалник релевантноста на групацијата „Dark Knowledge Group“ и нивните анализи, а во очите на критичките новинари паднале, бидејќи премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, гордо се повикувал на нивните студии и дека Израел е една од земјите кои најдобро се справуваат со ковид-19.

Повеќе на „360 Степени“ тука.